
Бизнис форум: Надминување на проблемот со трговските марки и поефикасен транспорт во Солунското пристаниште
Надминување на проблемот со трговските марки и обезбедување поевтин и побрз транспорт со целосно користење на капацитетот на солунското пристаниште, се дел од барањата што ги испорачаа македонските и грчките бизнисмени до премиерите од двете земји, на денешниот, како што тие го нарекоа, историски форум.
Нас со Грција не поврзува солунското пристаниште, за бизнисот е пречка ако тоа не е целосно во фунција, затоа имаме иницијатива да се добие специјален статус на користење и да се користи во полн капацитет, вели Бранко Азески, претседател на Стопанска комора на Македонија.
Со него се согласи и грчкиот коплега, Констатнтин Михалос од Комората за трговија и икндустрија, вели дека пристаништето во Солун е клучно за транспортот на стоки, а дел од таа трговија, односно 30 отсто се потпира на Северна Македонија.
Премиерите порачаа, ќе се формира заеднички комитет кој ќе ги надминува сите бариери, како оној за трговските марки, но и темите за надминување на двојното оданочување. За подобра соработка се најави и отворање на два нови гранични премини.
Преполна сала со близу 140 грчки и над 250 македонски бизнисмени, аплаузи, оптимизам, најави за поголема размена и нови инвестиции. Премиерите Заев и Ципрас го нарекоа историски бизнис форум, оддавајќи им почит на стопанствениците од двете земји што во претходните три децении на големи политички проблеми, биле креативни, се бореле со ирационалноста и наоѓале мостови на соработка. Сега политичарите ги отстранија бариерите, Заев ги покани да инвестираат и да ги искороистат сите бенефиции што земјава ги нуди на инвеститорите.
Вие од бизнисот во одреден дел на историјата бевте најоштетните заради тоа што вам одмна ви бил очигледен потенцијалот за економска соработка доколку напите две држави се пријателски настроени. Вие бевте тие што и покрај политичките пречки и неможноста на политичарите секогаш да го стават повисокиот интерес во фокусот, моравте да барате креативни решенија да соработувате меѓу вас, вели Заев.
Премиерот Ципрас вели дека Грција ќе биде најголемиот партнер и сојузник на земјава кон Европската унија. Наместо досегашните ѕидови, ќе се градат мостови на соработка.
Не дојдовме тука да вршиме инвазија, туку да негуваме односи на соработка, вели Алексис Ципрас, премиер на Грција.
Инвестициите во енергетиката и транспортот ќе заземат значајно место, да забрза гасното поврзување кон Грција, но и да проработи нафтоводот Солун- Скопје.
Лани, во споредба со 2017трговската размена меѓу двете змеји се зголемила за 20,7 отсто и изнесува близу една милијарда долари. Раст има и кај увозот и кај извозот. Грција е втор трговски партнер на земјава, а дури десет отсто од странските иректни инвестции во земјава се со грчки капитал.
Нина Нинеска-Фиданоска