
Напредок во преговорите за СЈО
Има напредокот во преговорите на работните групи за СЈО но камен на сопнување и натаму останува барањето на ВМРО ДПМНЕ да сопрат истрагатите кои се покренати 18 месеци по формирањето на обвинителството.
Дескоска сепак остава простор и за остапки.
И власта и опозицијата се убедени дека ќе се постигне договор за статусот на СЈО и ќе се почитуваат препораките на меѓународната заедница за посебна структура на СЈО, утврдена надлежност и функционалност во гонењето на криминалот.
Натамошните средби на работните групи ќе се водат во друг формат, ќе има формални и неформални контакти, без присуство на медиумите и давање изјави се додека не се постигне договор. Доколку партиите ги усогласат ставовите не е исклучена можноста да се закаже седница и да се донесе законот кој е еден од основните услови за преговори со ЕУ.
Јулијана Пешевска