
Милошоски: Министерката да најде менаџерски способности
Министерката да најде менаџерски способности за да се надминат разликите околу новиот закон за Јавно обвинителство, рече пред да влезе во Министерството за правда на новата средба, Антонио Милишоски од тимот за преговори на ВМРО – ДПМНЕ. Тој кажа дека остануваат на своите барања.
„Нашето мислење е дека Специјалното јавно обвинителство треба да биде дел од Државното јавно обвинителство, но да нема повластен статус што ќе привилигира некои обвинители, а ќе деградира други обвинители. Обвинителствата, како што се скопското Јавно обвинителство, и другите што се занимаваат со убиства, тежок криминал и други незаконити дејствија во Република Македонија имаат обврска и потреба исто така да добијат и буџетска поддршка и ресурси за нивната работа“, изјави Антонио Милошоски.