
Oбвинителството ќе лови нерегуларности за време на изборите
Државното обвинителство ќе ја следи предизборната кампања и изборните денови и ќе лови нерегуларности. За ова формираше привремена Комисија, која ќе има задача да ги утврди индициите за сторени кривични дела поврзани со изборите и да ги известува пониските основните обвинителства за итно постапување. Ова е пракса која се спроведуваше и во претходните изборни циклуси и за референдмот за која првиот човек на комисијата, обвинителот Џељал Бајрами смета дека не е залудна.