Во штипската болница само двајца специјалисти за физикална терапија

Над 160 пациенти од источниот регион секојдневно во субстандардни услови се лекуваат во физикалната терапија на штипската клиничка болница. Лековитата вода на Кежовица им помага на пациентите, но со години наназад мора да ги гледаат, искршените прозорци, дупките на подовите, мувлата,  испуканите тавани и ѕидови. И покрај ваквите услови, сепак бројот на пациенти е голем, а за да се добие термин мора да се чека и по неколку месеци.

Здравствените работници алармираат дека имаат и недостаток од стручен кадар. Работат само двајца лекари специјалисти, се чека до септември да им пристигне уште еден лекар, кој е четири години на специјализација.

Две третитни од Физикалната терпаија е на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“, а остантиот дел е на министерството за здравство. Според пресметките на штипскиот универзитет за да се реновира овој објект потребни се над два милиони евра. Решението во моментов се гледа во Владата или во европските фондови. Последната инвестиција во физикалната терапија Кежовица беше пред две години, кога беше реконструиран базенот за хидротерапија. Инаку лековитите води на Кежовица помагаат при невролошки заболувања, ревматизам, дијабетес, кожни инфекции и алергии.

Викторија Димитрова Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ