Една жена го загуби животот во сообраќајна несреќа на наплатна рампа на автопатот Гостивар-Тетово

Жителка од Кичево на возраст од 51 година загина во сообраќајна несреќа која утринава околу 6 часот и 45 минути се случи на тетовската наплатна рампа на Автопатот Гостивар – Тетово.

Загинатата со иницијали Б.Д.С управувајќи возило Мерцедес со охридски таблици во кое немало други патници се судрила со Фолксфаген Туарег со дебарски ознаки.

Од ударот задобила тешки телесни повреди и починала на лице место. Четворицата патници во Туарегот на возраст 32,36, 37 и 62 години се здобиле со телесни повреди.

Тие се пренесени во тетовската клиничка болница и според информациите оттаму сите се надвор од животна опасност.

Сообраќајката се случила измеѓу двете кабини на наплатната рампа.

Тетовските пожарникари интервенирале во извлекување на сега веќе загинатата кичевчанка, а вработените од наплатната рампа успеале навреме да го изгаснат пожарот, кој избувнал во туарегот.

Надлежните работат на расчистување на случајот. Неофицијално мерцедесот со голема брзина удрил во туарегот. Двете возила со шлеп служба беа подигнати од местото.

На тетовската наплатна рампа на автопатот Тетово- Гостивар регистрирани се повеќе сообраќајки, а меѓу учесниците беа и лидерот на ДУИ Али Ахмети и претседателот на ДПА, Мендух Тачи кои поминаа  со лесни повреди.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ