
Почна изборната кампања – Пендаровски од Прилеп, Сијлановска од Охрид, Река од Скопје
Пендаровски од Прилеп, Сијлановска од Охрид, Река од Скопје. Тројцата претседателски кандидати стартуваат со изборната кампања. Ветуваат фер и демократски предизборен период. Својата програма на граѓаните ќе им ја презентираат преку митинзи, трибини и непосредни средби .,, Заедно напред,, е слоганот со кој ќе настапи Стево Пендаровски.
Гордана Силјановска ја почна кампањата на полноќ од пред родната куќа во Охрид. Во текот на денот оствари средби со жителите на неколку села а централниот митинг е вечерва. Нејзиното мото во кампањата ќе биде „Правда за Македонија, татковината победува“.
Изборниот штаб на Блерим Река ги прави последните подготовки во пресрет на вечерашниот митинг на плоштадот Скендербег. ,, Река за Републиката,, е слоганот под кој ќе настапат затоа што нивните злаожби биле за евроатланска и мултиетничка држава.
Изборната кампања ќе трае до 19 април. Првиот круг избори ќе се одржи на 21 април а вториот на 5 мај. За успешност на изборите неопходно е да биде исполнет цензусот од 40%. Право на глас имаат 1 808 131 граѓани додкеа од дијаспората се пријавиле 1836.
Јулијана Пешевска