
Стартува изборната кампања
Денеска официјално стартува изборната кампања за шестите по ред претседателските избори.
Според најавите, кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, кампањата ќе ја почне од Охрид, заедничкиот кандидат Стево Пендаровски вечерва ќе биде помеѓу граѓаните во Прилеп, а Блерим Река од Алијансата за Албанците и Беса ќе излезе пред скопјани на плоштадот „Скендербег“.
Според најавите од изборните штабови, кандидатите ќе ги посетат речиси сите населени места, ќе имат средби со граѓани и митинзи во поголемите градови. На еден ден пред официјалниот старт на кампањата, кандидатите потпишаа Кодекс за фер и демократски избори. Како колеги, кои и лично се познаваат, гарантираа и еден за друг.