
Претседателските кандидати се обврзаа на фер избори
Срдечно се поздравија и пријателски си поразговараа пред да го стават својот потпис на етичкиот кодекс, со кој се обврзаа на фер и демократски избори. Тројцата претседателски кандидати, универзитетските професори, Гордана Силјановска, Стево Пендаровски и Блерим Река, ветија дека, тоа што го потпишаа денеска во ДИК, нема да остане само на хартија.
Како колеги, кои и лично се познаваат, гарантираа и еден за друг.
Силјановска рече дека, за неа етичките правила се поважни дури и од правото и правдата.
Блерим Река, пак, нагласи претстојните избори се искушение и за државата.
Претседателот на ДИК рече дека текстот на Кодексот содржи одредби што секој кандидат треба да ги почитува.
Кампањата за претседателските избори почнува утре, а завршува на 19 април на полноќ. Првиот круг на гласање за претседателските избори ќе се одржи на 21 април, а вториот на 5 мај.
Далиборка Демјанска Цветановска