Пустош во националниот парк Галичица, пожарите проголтаа над 300 хектари

Гареж и чад насекаде каде беснееше огнената стихија во изминатите  два дена во Преспа.

Пожарите  во Националниот парк „Галичица“ и на  крајбрежјето, денеска се изгаснати, но пламените јазици направија пустош во најубавиот дел од Преспанскиот регион. Пожар вчера имаше и во дел од паркот на природата Езерани кој е природно живеалиште на ретки птици.

Жителите од Преспанските села, велат дека палењето на стрништата и трската е традиција и начин на кои се чистат овоштарниците и бавчите,  но, вакви пожари не паметат.

Бараат поголемо присуство на терен од надлежните инспекции и казни за потпалувачите, затоа што велат во опасност им се и  куќите.

-Греота е што палат, за природата, за дрвјата,  за бавчите, за се.

Штета се прави голема и може да дојде  до куќите, вели жителка на Долно Перово

-Како да ги наречам тие луѓе што палат оган  без потреба, тие се без никави совест, вели друг жител

-Животни има, се има, кајчиеа изгореа, дрвја, евла има,тука е паркот „Езерани“, велат жителите на Долно Перово

Материјалната штета во овие две заштитени подрачја допрва ќе се утврдува, но надлежните велат дека огнот уништил 150 хектари шума на Галичица и 150 хектари трска во крајбрежјето.

Не се знае ниту какви се штетите во резерватот  Езерени, кој е дел од проектот на УНДП за заштита на Преспанското езеро во кој се вложени 5 милиони долари

-Паркот на природата Езерани е од огромно значење затоа што му дава посебна вредност на целиот Преспански регион, токму со биодиверзитетот. Освен флората и фауната, овде живеат 216 видови птици, што е 66 проценти од сите птици во државата и 42 проценти од сите видови птици во Европа,

Од  противпоажрната единица во Ресен велат дека сите пожари на отворено се предизвикани од човечки фактор, а градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски побара поенергични рекации од надлежните инспекции и полицијата, за откривање и казнување на сторителите.

Емилија Мисирлиевски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ