
МВР најавува ригорозни казни за подметнувачите на пожари, досега поднесени осум кривични пријави
Владата забрани движење на граѓаните во шумите и шумските подрачја, полицијата најави кривични пријави ригорозни казни за подметнувачите на пожари но за да се спречи натамошната ескалација на состојбата и уништување на животната средина потребно е локалните власти со нивните инспекторати активно да се вклучат во превенцијата и откривањето на потпалувачите.
Од МВР денеска соопштија дека од почетокот на годинава се поднесени осум кривични пријави за предизвикување на општа опасност против осум лица кои запалиле оган на отворено и предизвикале поголема материјална штета.
Оттаму додаваат дека се отворени истргаи и дека се работи на откривање и на останатите вионвници за настанатите пожари во кои покра шуми и трска беше изгореа или беа оштетени и куќи и помошни објекти.
Во моментов беснеат големи пожари во неколку региони во државата со кои се зафатени стотици хектари шума.
Огнен Чанчаревиќ