Оградата за линданот во Пеленица само на хартија кај надлежните

Три месеци откако министерството за образование ги забрани екскурзиите на учениците на местото Пеленица над Драчево поради сомневање дека таму е складиран токсичниот и канцероген отпад линдан, локацијата сеуште е отворена. Од министерството за животна средина во декември најавија дека почвата ќе се испита а периметарот ќе се загради за да се заштитат посетителите на манастирот и излетничкото место.

Мештаните со кои разговаравме се со поделени мислења. Некои се уебедени дека на локацијата има складирано линдан, некои пак се скептични, иако знаат дека други фабрики а не ОХИС тука складирале отпад. Тие бараат од надлежните да го испитаат квалитетот на почвата.

На оваа конструкција неколку дена стоело известување да не се приоѓа но набрзо таблата паднала од силниот ветар.

Според надлежните оградувањето на просторот не е извршено бидејќи сеуште не бил распишан тендер и не била избрана фирма која тоа треба да го стори. На оградувањето ќе се причека барем уште неколку месеци поради изборниот циклус кој почнува наредната недела.

Линданот е пестицид кој се користел кон средината на минстиот век а неговот производство во ОХИС престанало во седумдесетите години кога отпадот бил складиран во кругот на фабриката и затрупан со земја. Испитувања направени уште во 2005 година покажале дека тоа е жариште број еден во Македонија.

Со отстранувањето на деопниите само делумно се решава проблемот бидејќи потоа ќе мора да се чисти веќе настанатото загадување.

Според најавите од министерството за животна средина малата депонија во кругот на ОХИС која има околу 10 илјади тони контаминисрана земја ќе почне да се отстранува насесен а целиот процес се очекува да трае барем три години.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ