
Заради техничка грешка Кисела Вода останува со старото име Република Македонија
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од Кисела Вода, Скопје прослави дека извојувале „мала победа“ името Република Македонија да продолжи да се употребува во оваа општина, но изостави да каже детали од синоќешното гласање по точката за промена на државното име во статутот на општината.
Вистина е сосема нешто друго.
Предлагачот на статутарните измени градоначалникот Темелковси направил техничка грешка и заборавил да додаде пред советниците дека и на училиштата, градиниките и останатите јавни објекти во општината им се додава придавката Северна пред Република Македонија.
Но, „малата победа“ според центарот на партијата не е опструкција на примена на уставот и законите. Советниците се однесувале демократски.
Изостана одгворот дали оваа пракса на еден вид бојкот ќе продолжи во сите општини каде советот е мнозински на ВМРО-ДПМНе и коалицијата.
Ако се погледне картата од изборните резултатите на локалните избори вакви победи може да се случат во околу 12 општини каде советите се во раце на опозицијата.
Градоначланикот од редовите на СДСМ во Гази Баба, Борче Георгиевски од феврураи се подготвува, ова измена решил да ја прави по претседателските избори за да не се злоупотреби ситуацијата во изборна кампања.
Веројатно е дека овие измени нема да се најдат на дневен ред во општина Петровец, Новаци, Сопиште.
Токму таквата пракса, и пречекорувањето на рокот од неколку месеци кој што владата го соопшти за завршување на измените може градоначалниците да ги соочи со казни.
„Промената на Уставот е факт. Законската обврска сите да го применуваат новото име – е факт. Тоа не е работа на нечие слободно толкување, на индивидуална желба или на ‘мала победа’,“ вели генералниот секретар на владата Драги Рашковски
Општина Аеродром е меѓу првите скопски општини која шти ги изоди измените на статутот и од Република Македонија премина во Република Северна Македонија, а тоа наиде на жестока дебата кај советниците.
Табличките со новото уставно име ќе почекаат нова седница во Кисела Вода.
Павле Беловски