
Пазар на политичките партии за законот за обвинителство, без дебата со НВО
Законот за јавно обвинителство е најниско рангиран од сите правосудни реформи кои ги најави владата а ги оценуваат невладините организации. Се договара на нетранспарентен начин, не се вклучени други засегнати страни туку само партиите, рокот до кога требаше да биде донесен не е испочитуван, од имплементација ни И. Невладините стравуваат дека како и кога се носеше законот за СЈО така и овој пат ова обвинителство ќе биде пазар за политичките партии.
Законот за јавно обвинителство треба да ја реши судбината на Специјалното јавно обвинителство. Според организациите тој не би смеел да создаде обвинителство кое би ја изгубило својата специјалност. Токму прислушкуваните разговори како докази беа оние кои го издвојуваа СЈО од државното обвинителство велат невладините.
Во процесот за носење на законот невладините речиси и да не учествуваат. Потенцираат дека ова е важен закон бидејки токму со негова помош ке треба да се дојде до правна разрешница за можните криминали кои ги има и во прислушкуваните разговори. Воопшто за сите судски реформи сметаат дека власта покажува само декларативни заложби и волја за соработка со граѓанските организации.
Билјана Николовска