Џафери нема да закаже седница за СЈО за време на кампањата

Спикерот Џафери нома да закаже собраниска седница за време на претседателската кампања и ако партиите се договорат за СЈО. На утринското кафе со новинарите тој рече дека формално таква можност постои, но тој тоа нема да го стори бидејќи пратениците ги злоупотребуваат таквите седници.

Односно, Џафери вели, тие си тераат кампања на седниците и тој тоа нема да го допушти. Ако партиите ги надминат разликите нема проблем тој да закаже седница на 6-ти мај, кога ќе бидат завршени изборите.

Џафери рече дека се надева дека по 6-ти мај ќе имаме нов претседател, кога ќе ги стави повторно на седница реформските закони кои беа донесени со двотретинско мнозинство, а Иванов му ги врати непотпишани.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ