
Се бара решение за проблемите на матичните лекари
Се бара хибриден модел со кој ќе се решат проблемите на матичните лекари, но во истовреме и да се излезе во пресрет на младите лекари, коишто силно реагираа на барањата на матичните лекари да се препишуваат и запишуваат пациенти на ординации, најави денеска од Штип Министерот за здравство, Венко Филипче. Младите лекари сметаат дека на овој начин ќе зависат од сопствениците на ординациите и нема да имаат доволно слобода да излезат сами на пазарот и отворат свои ординации.
Во наредните две до три недели ќе се потпише и нов анекс договор со грчата компанија, која ја гради новата Клиничка болница во Штип, а која по раскинување на договорот со подизведувачот штипски Бетон бара уште една година за доизградба на оваа болница. Филипче вели дека по потпишувањето на договорот, од страна на грчата компнаија ветено е дека ќе има поинтензивна изградба на објектот, кој што е проектиран за лекување на потенцијални 200.000 пациенти од источниот и југоисточен регион.
Викторија Јованова