ТТНВС: Со времената мерка судот ја прејудицира пресудата, вели адвокатот Давидовиќ за забраната на книгата на Андов

Забраната на книгата на поранешниот претседател на Собранието Стојан Андов „До атентатот и по него” на Топ Тема на Ваша страна. Книгата беше повлечена од продажба откако судот времено ја забрани затоа што Љубомир Фрчковски го тужи за повреда на личните права.  Ова е прва забранета книга во независна Македонија!

Адвокатката на Фрчовски, Ирена Данаилова Фрчковска тврди дека во донесувањето на одлуката за тужбата пресудни биле неколку фатки.

Тежината и сериозноста на клеветите изнесени од страна на авторот на книгата, потоа одекот во јавноста од книгата, како тоа беше пренесено и кој беше заклучокот на медиумите и крајно невообичаената експлицинтност во тврдењата на авторот, вели адвокатката Фрчковска, причината за поднесување на привремената мерка беше делумно да се намаи нанесената штета преку повреда на личните права на оштетениот.

Адвокатот на Андов пак тврди дека забраната на книгата е преседан

Не само што е преседан туку нема ваков случај да се забрани книга со времена мерка. Времени мерки се носат, но не за ваков случај, изненадува начинот на кој е донесена, судијата ја нема прочитано книгата, туку само му се доставени делови каде што се тврди дека има клевета. Судот не може да ја забрани „Ерга омнес“ и тоа претставува правна неписменост на судијата, вели Ѕвонко Давидовиќ.

Тој вели дека законот и судската пракса забрануваат времента мерка да биде идентична со тужбеното барање и тие тоа му го укажале на судот. Давидовиќ тврди дека со тоа се прејудицира дека веќе е донесена пресудата пред воопшто да бидат извадени доказите.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ