
Сите пожари во Битолско се намерно предизвикани
Сите пожари кои деновиве беснеат низ државата на отворен простор се намерно предизвикани, тврдат од противпожарната единица во Битола, каде вчера за само 5 часа имале 8 интервенции. Најчесто огнот започнува од запалени стрништа и депонии и неколтролирано се проширува наоколу.
-Ова е алармантна ситуација не само во Битола туку во цела држава. Ова што се случува во последниот месец во државата е катастрофална. Не паметиме во еден период една единица има дневно од 5 до 10 интевенции. Тоа максимално ги исцрпува сите ресурни на единицата и човечки и матријални, вели Костадин Поповски, командир на ТППЕ-Битола.
Најголем и најтежок за гаснење вчера бил пожарот во близина на потпелистерските села Ротино и Цапари, кој избувнал од запалена дива депонија.
Пожарникарите, месното население, вработени од националниот парк и други јавни претпијатија, неколку часа се бореа да не биде зафатена моликовата шума на Пелистер.
-Избувна со мала сила, ама кога дувна ветрот постепено се крена, а по неколку часа огнот се рашири, вели жител на Рорино.
-Дојде пожарна изгаснаа, а ноќеска имаше стража да не се рашири пак, рече жителка на Ротино.
Денеска камерата на Телма, на истата локација регистрираше жител кој што пали стрниште покрај патот. Од противпожарната единица бараат надлежните да преземат поригорозни мерки за откривање на сторителите.
-Мора еднаш да се најдат сторителите и да се канзат, затоа што вака како што започна оваа анархија и тоа на самиот сарт на годината и во пролет, што да очекуваме во јули и август кога темпераурите се 40 степени, вели Костадин Поповски, командир на ТППЕ-Битола.
Од битолската полиција велат дека работата на овие случаи и засега не можат да споделат повеќе информации со јавноста.
Инаку од центарот за управување со кризи информираат дека и денеска се активни повеќе пожари на територијата на цела држава-во Скопскиот, Битолскиот, Охридскиот регион, потоа во Велешко, Тетовско и Кумановско, каде противпожарните екипи интервенираат на повеќе локации.
Емилија Мисирлиевски