
Законите кои ги врати Иванов утре повторно пред пратениците
Реформските закони кои претседателот Иванов одби да ги потпише поради новото име на државата утре повторно ќе се најдат на дневен ред на собраниска седница.
Пратениците не очекуваат пресврт во гласањето туку напротив законите да се донесат со мнозинство гласови. Владејачките СДСМ и ДУИ го обвинија Иванов дека е кочничар на реформите и националните инетереси на државата.
ВМРО-ДПМНЕ најави дека утре за законите ќе гласаат онака како што гласале првиот пат.
Подршка на законите ќе даде и БЕСА.
Пратениците утре повторно ќе расправаат за Законите за оперативно техничка агенција, за електронски комуникации, за заштита од дискриминација, за банките, за безбедност во сообраќаајот и за уште други десет.
Претседателот Ѓорѓе Иванов одби да ги потпише указите со образложение дека одлуката ја донел поради фактот што се обврзал да го штити Уставот и да ги брани интересите на државата.
Јулијана Пешевска