
Добри избори за преговори со ЕУ – Османи ќе разговара со ВМРО-ДПМНЕ, но и со ИВЗ
Добро спроведени избори ќе биде доказ дека земјава институционално е подготвена да ги води преговорите за членство со ЕУ. Вака вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, го објасни она што беше посочено од Европската комисија минатата недела дека целта за старт на преговорите може да се исполни ако има добро спроведени избори, со покажување на демократска зрелост од сите.
„Се согласувам дека изборите овде ќе бидат важен параметар, односно важен момент да се одреди зрелоста на иституциите дали се подготвени да започнат преговори и дали се подготвени да се соочат со предизвикот на членство во ЕУ. Затоа го повторив ставот дека помалку важно е кој ќе биде претседател, отколку какви избори ќе имаме. И тука сметам дека простор за грешки не смее да има“, изјави Бујар Османи, вицепремиер за европски прашања.
Османи притоа најави дека во тој контекст предвидено е да има средба и со опозициска ВМРО-ДПМНЕ. За средба со ИВЗ на која би и укажал дека со евентуален повик на бојкот на изборите поради нејзини нерешена предмети за денационализација може да ги загрози евроинтеграциите, вицепремиерто рече дека и тоа не е исклучено.
„Со верските заедници треба повниматлено да се однесуваме заради принципот на однос на Валдата со верските заедници, но сметам дека е тоа добра идеја во контекст на изборите да се направи средба со нив. Но во функција на изборите, а не во функција на темите што ги имаат оние со владата“, рече Бујар Османи, вицепремиер за европски прашања.
Според него Северна Македонија е подготвена денеска да ги почне со преговори со ЕУ и оти во тој дел се исполнети сите услови, но оти до јуни може да се случат непредвидливи моменти, делумно од внатре, делумно регионално, но но најмногу во европски контекст со европските избори.
Тамара Грнчароска