
Обвинителството: двајца осомничени за сечење на трската на струшкото крајбрежје
Струшкото обвинителство го истражува уништувањето на езерската трска. Надлежен обвинител отворил постапка против двајца осомничени за оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости а поведена е и постапка против инспектор од министерството за животна средина за кривично дело попречување на правдата.
Според соопштението од обвинителството, двајцата осомничени пред 10 дена биле забележани како уништуваат добро под привремена заштита, Едниот во близина на плажата „Версус“ со кајче влегол во езерото и со срп ја сечел трската. Вториот го нарачал сечењето на трската со намера да се сопре природниот раст.
Додека пак инспекторот, обвинителстовто го истражува затоа што одбил да излезе на лице место во моментот кога се сечела трската и да преземе дејствија по барање на јавниот обвинител.
Првите двајца осомничени постапиле спротивно на Законот за заштита на природата, во кој Охридското Езеро е класифицирано како споменик на природата и каде не се дозволени активности со кои се загрозуваат неговите обележја и вредности стои во соопштението од обивнителството од каде информираат дека изминатиот период ја следат ситуацијата со уништувањето на трската на езерското крајбрежје, издадале наредби за засилен надзор а издадени биле и насоки до полицијата за собирање на докази и откривање на сторителите.