Напад во Марино: Ножот со кој е избоден полицискиот службеник Филиповски уште не е најден

Полицискиот службеник Филип Филиповски, кој во петокот со нож беше прободен од две момчиња во скопско Марино, е во стабилна состојба , откако му е опериран едниот бубрег и му е отстранета слезината.

Според сознанијата на Телма досега не е најден ножот со кој е извршен нападот. Јавното обвинителство во чии раце е предметот ги очекува писмените записници и докази од МВР, потврдија за Телма.

Гоце Филиповски, татко на повредениот за Телма рече дека напаѓачите кога се обиделе да избегаат по нападот, со нивното возило Рено Сеник направиле сообраќајана незгода, при што е можно да биле повредени.

Двајцата осомничени напаѓачи се на слобода, откако дале исказ и за нив нема други мерки.

Едниот е синот на советник во МВР и поранешен градоначалник на општина Петровец, Звонко Цветковски кој нема да биде заштитен иако татко му е во МВР, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, прашан откако таткото на прободеното момче јавно повика да се расветли до крај овој случај.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ