Макпетрол АД добитник на три признанија во рамките на Регионалниот самит на претприемачи од Централна и Југоисточна Европа (РСП) „300 БЕСТ“

На регионалниот самит на претприемачи од Централна и Југоисточна Европа одржан во Дубровник Макпетрол АД доби награди и признанија во три категории. Меѓународниот комитет за доделување награди и признанија анализирајќи ги досегашните успеси на компанијата ја додели престижната Голема награда и признание за развој на идеи, иновации и инвестиции во претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа на Макпетрол АД и на претседателот на Управниот одбор, господинот Андреја Јосифовски.

Како дел од самитот, посебна оценувачка комисија на чело со проф. Др. Сц. Ненад Бркиќ, експерт за маркетинг и односи со јавност направи избор и за најдобар комуникатор во проектот „Креатори за векови – 2018“. Токму ова признание, исто така го доби претставникот на Макпетрол АД, Мишко Тасевски, раководител на секторот за маркетинг.

Како и досега, Регионалниот самит на претприемачи од Централна и Југоисточна Европа „300 НАЈДОБРИ“ се одржа со цел јавно признавање и привлекување на вниманието на јавноста кон успехот на претприемачите и лидерите кои со својот особен придонес за развој на претприемништвото во регионот, значително го поттикнуваат економскиот и општествениот развој.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ