Протестен марш во Босилово против отворање на рудник

Босилово денеска со протестен марш рече не за рудник во нивната општина. И деца и возрасни се приклулчија на поворката што тргна од фудбалското игралиште и треаеше до центарот каде иницијаторите одржаа говори.

Протестирачите велат дека борбата против рудникот допрва ќе се засилува и омасовува. Бараат надлежните да реагираат и сериозно да ги сфатат нивните пораки и барања.

На протестот се приклучи и градоначалникот на Босилово, а присутни беа и други политичари.

Концесионерот Еуромакс рисорсис на денешниот протест реагираше со соопштение во кое вели дека ги поддржуваат ситe активности за заштита на животната средина, но дека лажните вести и говорот на омраза не е граѓански активизам. Еуромакс вели дека имаат добра комуникација со повеќето граѓански здруженија, а има мала група која шири паушални изјави и неточни податоци на штета на компанијата.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ