
Дванаесетчленото семејство Мирчевски остана без покрив над главата
Дванаесетчленото семејство Мирчевски, од беровското село Русиново, остана без покрив над главата. Рано утринава, по два часот пожар им го пеплоса домот.
Нема повредени, но трите генерации на ова семејство, од денеска нема каде да живеат, бараат помош од институциите и од хуманите граѓани.