Јавна расправа за реформите на прислушувањето

Во законот за следење на комуникации се вметнати и мерки кои личат на тајна опсервација и не се регулирано како посебни истражни мерки, тврдат поранешни разузнавачи кои учествуваа на јавната расправа во собранието пред конечното второ гласање за реформите на прислушувањето.

Без опозиција во матичната собраниска комисија за одбрана и безбедност, се одржа јавната дебата пред второто конечно гласање за законите кои одново го регулираат следењето на комуникации. За министерот Спасовски најважно е што се воведува посилен систем за контрола.

За универзитетските професори и експерти и натаму останува прашањето – што ќе се прави со субкултурата на разузнавачите која во минатото беше причина за злоупотреба. Најмногу 7-мина од УБК ќе преминат во новата агенција ОТА, но за некои е нејасно зошто се инсистира да има и заменик директор, кога треба да се гледа ефикасност без политички притисоци.

Некои нови мерки немаат никаква врска со следење на комуникации или не се предвидени со Закон за кривична постапка.

Во законот останува и спорната одредба за чување на мета податоци за движење на мобилните телефони кои тајните служби може да ги бараат директно од операторите.

На експертите сепак најмногу им пречеше што ваква јавна дебата се организира на крајот наместо на почеток на процесот, но власта и натаму смета дека прислушувањето е реформирано на транспарентен начин.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ