КОД: Дрисла повторно на суд, управни судии не „откриле“ невалидно полномоштво

Во последниот судски процес пред управните судови, застапниците на Шолц АГ користеле невалидно полномоштво од поранешен директот за да ја добијат Дрисла, тврдат за КОД адвокатите на ФЛЦ Амбиенте која во моментот управува со скопската депонија. Поради тоа е отворена и нова судска постапка, иако градот беше речиси пред избор на нов партнер за Дрисла. Веќе 7 години траат постапките за Дрисла, а главни конкуренти се италијанската Амбиенте и германски Шолц.

Во Вишиот Управен суд потврдија дека вонреден правен лек за поништување на правосилна пресуда е добиена од застапникот на Амбиенте. Околу 9 месеци е таму и многу скоро треба да се одлучи по тоа барање, кое го поднел адвокатот на Амбиенте, поранешниот државен обвинител а сега адвокат Љупчо Шврговски. Тврди дека фирмата Шолц АГ е избришана од регистар во градот Есинген и дека таа непостоечка фирма е застапувана со невалидно полномоштво.

Полномоштвото првпат било употребено во постапката пред Управен суд. Трите управни судијки Рамије Абдурахими Цара, која претседавала со советот, Снежана Трповска и Исмета Амет не откриле дека има германско полномоштво од управител кој со години не е тоа и од фирма која 4 години не постои како посебна фирма во Есинген. Судијките не го откриле тоа. Утврдиле дека Амбиенте не исполнувал повеќе услови од повикот за избор на партнер на Дрисла. Амбиенте била формирана два дена пред крајниот рок за поднесување на понуди на тендерот. Овие информации постојано беа објавувани и во јавноста, а судот наведува и дека:

Пресуда У-6 бр. 186/2017 на Управен суд:

избраниот Конзорциум од Италија го исполнил условот-способност за вршење на професионална дејност, само врз основа на фактот што е регистрирано за дејност која е предмет на јавниот повик, без да истото се докажало во вршење на дејноста за кое е регистрирано. Конзорциумот предводен од Амбиенте и УниЕко не ги исполнува и условите за економската и финансиската состојба од тендерската документација, каде се бара кандидатот да докаже дека во последните 5 години, остварил добивка од најмалку 20 милиони евра, или вкупен годишен промет од најмалку 250 милиони евра.

Откако сето ова го навеле во пресудата управните судијки пресудиле и во корист на тужителот фирмата Шолц АГ,  го прогласиле за победник на тендерот и му наложиле на град Скопје да го раскине договорот со Амбиенте и да потпише нов со Шолц АГ.

Адвокатката Слаѓана Цибрева чие полномоштво го оспоруваат од Амбиенте, во телефонски разговор ни кажа дека новото барање да се поништи одлуката која е во нивна корист не е поткрепена со докази. Шолц АГ според Цибрева постоел, а постои и сега, но како дел од холдинг. Во 2014-та кога Шолц АГ е купен од кинеската компанија Чихо енвајрментал груп се преобразува во Шолц Холдинг. Тогаш од книгите е избришан и управителот Барт потписник на полномоштвото на Цибрева кое сега е обжалено од Амбиенте и прикажано како измама. Постојано се менуваат управители, а фирмите ја менуваат формата, ни објасни адвокатката Цибрева која ни го пренесе чудењето на германската фирма која се прашувале како со години може да трае една судска постапка.

Цибрева објаснува дека Шолц АГ само извршило преобразба на правната форма од акционерско друштво во холдинг. Тоа според неа нема никаква врска со слабите перформанси на Амбиенте поради кои треба италијаните да ја изгубат Дрисла. Немале ниту доволно финансии да учествуваат на тендерот, а Амбиенте била нова фирма, тврди Цибрева,

Во вечерашната емисија КОД и причините зошто сите се борат за профитот од скопското ѓубре, како и истражување кои концесии на плажи во Струга и Охрид со години се истечени, а никој ништо не презема.

Код е вечерва на ТВ Телма во 19:15.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Последни објави во КОД

КОД: Мобинг и еротика во скопско училиште и крвав медицински отпад без одговорност 09.02.2020

https://www.youtube.com/watch?v=TWA_KU9W4BY&fbclid=IwAR1UYXWm9Pms6-hgBd445ZbK2NeLRIHf6CfWnKTqAU0lypbHUWkBdSE3728

КОД: Каков отпад се увезува и гори во Македонија? 26.01.2020

https://www.youtube.com/watch?v=AnzxTOUTObQ

КОД открива дека во УБК имало повеќе припадници со двојни идентитети

Досие тајна мисија-ова не е најава за нов филм на Џемс Бонд туку Код открива дека освен Варелов имало и други припадници на службата кои вршеле непријавени мисии со таен...

КОД: Каде се парите од „Рекетот“, убиецот на Јанушев и УНЕСКО драма во Охрид 20.10.2019

https://www.youtube.com/watch?v=UsecpstgTx8&t=1822s&fbclid=IwAR3Z-icCLE2KrOR8yUMz08vInEn48pEeax_LFXrY8khrufWaa01232GF5fs

КОД:Секуловски-Кобрата, осомничениот за убиството на Мартин Јанушев „вшетал“ во затворот иако полицијата го гонеше две години

Реконструкција на КОД: Понеделник. 14-ти октомври. Доцна попладнево. 27-годишен човек полека се приближува кон затворот во Шутка. Завршено е работното време, но таму има и дежурна чуварска смена и повеќе...