Новиот правен совет ќе брои 20 членови, дознава Телма

Новиот правен совет што ќе го раководи лично премиерот Заев ќе содржи најмалку 20 членови велат за Телма извори во Правда. Се планира двајца ченови да бидат правни професори, а сите останати претседатели на судови, шефови на обивнителства, претствници на обивнителски  и судски тела и здруженија или пак како што Заев најави пред неколку практичари од правосудството.

Според нашите извори се планира да членуваат и министрите за правда за внатрешни и за финансии. Сепак конечниот состав се уште не е објавен ниту се знае кога ќе стартува иако првичните најави беа до крајот на јануари месецот.

Ова ново тело треба да се грижи за имплементацијата на реформите и е продолжение на претходниот совет за реформа составен од правни ексерти кој неодамна се расформираше, а по незадоволство критики и оставки од дел од професиоите. Министерот за правда вели тоа биле лични ставови на поединци, а советот бил успешен бидјеќи е днесена стратегија за правосудството.

Околу забелешките во јавноста дека во новото тело ќе членуваат и претставници на праовсудството кои во минатото беа критикувани за токму за лошата состојбата на судството, министерот за правда не го кажа сопствениот став туку го повтори оној на  премиерот.

Токму составот на новото правосудно тело деновове го коментираа и дел од ексертите кои беа членови на претходниот совет.

Елена Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ