Кривичен одлучува дали Јакимовски ќе остане во домашен притвор

Кривичен совет од тројца судии во скопска единица попладнево на јавна седница ги сослушуваше аргументите на обвинителството и на одбраната на екс градоначалникот на  Карпош, Стевче Јакимовски. И двете страни поднесоа жалби на одлуката на судијата на претходна постапка кој поради здравствени причини му определи домашен притвор на Јакимовски. По завршувањето на седницата на која присуствувал и Јакимовски, неговиот адвокат рече дека се надева дека судот ќе ги прифати нивните аргументи.  Адвокатот Виктор Цветковски потенцира дека Јакимовски и до сега ги почитувал мерките за претпазливост кои му ги определил судот уште летоска.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ