Нема договор за законот за СЈО

Пропадна обидот на власта и ВМРО-ДПМНЕ за договор за текстот на законот со  кој се крои  судбината на СЈО.

Министерката за правда обвини дека наместо да достави амандмани , работната група на опозициската партија инсистирала на мала врата да ја протне амнестијата преку предлогот за престанување на сите постапки кои не се отворени до 30 јуни 2017 година.

Не се прифатени ниту барањата за именување државен обвинител на предлог на опозицијата, СЈО да биде дел од одделението за организиран криминал и да се формира анкетна комисија за финансиското работење на СЈО.

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека во предлог текстот не се инкорпорирани меѓународните препораки поради што тие не можат да дадат подршка.

ДУИ го повика ВМРО-ДПМНЕ добро да размисли и да поднесе амандмани за сите забелешки.

Во наредните денови владејачкото мнозинство ќе отпочне со преговори и со другите  партии како и со независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ за обезбедување 2/3 мнозинство за законот.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ