
Битола е на врвот на листата најзагадени градови во светот
Битола се наоѓа во срцето на Пелагониската котлина и како за секој котлински град вообичаен е природениот феномен на температурна инверзија, кога загадениот воздух, посебно во зимскиот период подолго време се здржува на урбанта средина како под капа, додека Пелисер го грее сонце.
Со години Битола се наоѓа на црните листи меѓу десетте најзагадени градови во Европа, па и во светот, а битолчани веруваат дека токму аерозагадувањето е причина за се поголем број заболувања кај населението.
Познавам семејства каде има по двајца заболени од канцер, вели битолчанец
Јас работев во РЕК, уште ме болат градите од прашината, многу е лошо, вели друг битолчанец.
Најголеми загадувачи се индустриските капацитети, како и домаќинствата и институциите кои се затоплуваат на фосилни горива, покажуваат повеќе домашни и меѓунродни истражувања, но решенија засега нема
Нешто е почнато да се работи во енергетиката, особено она што нас не тангира најмногу , а тоа е РЕК Битола, но споро се одвиваат работите , а од друга страна со загадувањето од домаќинсвата во моментот не е преземено ништо. Она што ние го сугерираме да се поттикне брза гасификација која што ќе овозможи исклучување на огревното дрво како енергенс за затоплување на домовите, вели Мите Ристов, Регионално географско друшво „Геосфера“
Токму гасификасијата како долгорочна мерка за справување со аерозагадувањето е еден од главните проекти на локалната смаоуправа, но се уште е во фаза на подготовка на проектната документација. Најголемиот индустриски загадувач, РЕК Битола, работи без еколошка дозвола, а од комбинатот велат дека по деценски застој, обнобвена е постапката за добивање на овој документ.
Наскоро РЕК Битола и АД ЕЛЕМ ќе имаат можност да го добијат тој документ, кој што ќе значи обврска на комбинатото да исполни определни стандарди кои ќе гарантираат заштита на животната средина. Меѓудругото, реконструкцијата на електростатиските филтри е една од крупните, а најкрупната мерка е изградбата на постројката за десулфуризација, вели Методија Куновски, портпарол на РЕК Битола.
Експертите велат дека научната фела мора да се вклучи во изнаоѓањето на решенија за намалување на аерозагадувањето
Има проекти, но тие проекти и релевантни решенија вврз основана тие долгогодишни истражувања, за жал остануваат во фиока. Би сакала од оваа научна институција би сакала да апелирам до научната фела, но и до тие што би требало да ги апсорбираат тие наши истражувања, тоа да е подинамично, вели проф. др Цвете Димитриевска, Технички факултет Битола
Загадувањето предизвикува 223 прерани смртни случаи годишно во Битола. Ако граничните вредности на ПМ честичките се усогласат со оние на ЕУ, ќе бидат спасени 84 животи, а 173 ако се постигне препорачаното максимално ниво на Светската здравствена организација, се наведува во истражувањето на лекари од Институтот за јавно здрваје и Медицинскиот факултет во Скопје.
Емилија Мисирлеивски