
Милошоски предложи Собранието да расправа за избор на нови членови на ДИК
Пратениците од ВМРО ДПМНЕ бараат, на првата наредна седница на Собранието да се распише оглас за пополнување на испразнетите места во Државната изборна комисија. Барањето денеска и официјално го доставиле во собраниската архива. . Велат дека е симптоматично што до сега не е распишан оглас, иако рокот од 30 дена од констатирањето на оставките на членовите на ДИК измина, а во меѓувреме вицепремиерот Бујар Османи и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изјавија дека референдум за името не е потребен.
Пратеникот Џевад Адеми од ДУИ, пак, вели дека е добро што оваа иницијатива е токму на ВМРО ДПМНЕ.
Од Кабинетот на Џафери се уште чекаат предлогот да стигне кај нив, по што ќе се знае дали и кога ќе биде ставен на седница. Доколку биде усвоен, во рок од осум дена се распишува оглас за нови членови на ДИК. Условите во него се, партиските предлози да не бидат членови на партиски органи, а независните експерти да не се членови на партија и јавно да не ги поддржуваат политиките ниту на власта, ни на опозицијата, како и да имаат искуство во областа на изборните процеси.
Далиборка Демјанска