
Судот ја забрани продажбата на новата книга на Андов
Самата идеја за забрана на книга од ваков карактер која зборува за важни периоди од историјата на нашата земја е лош потег. Ќе ги искористиме сите правни средства оваа одлука да се укине, изјави Стојан Андов за Телевизија Телма, во врска со изрекувањето времена забрана за понатамошна продажба на неговата нова книга.
Судот ја забрани книгата на Андов поради тужбата на поранешниот министер за внатрешни Љубомир Фрчкоски. Судот изрече времена мерка забрана за продажба на книгата на Андов, со наслов „До атентатот и по него“ бидејќи во него се имплицирала вмешаност во атентатот на Киро Глигоров на Фрчкоски, поради повреда на личните права на тужителот.
Во судот поднесена е тужба за утврдување одговорност за клевета, и надомест на нематеријална штета. Со тужбата, Фрчкоски поднесе предлог за определување на привремена мерка. Судот одлучи привремено да се забрани понатамошна продажба, и располагање со книгата на тужениот.