
Караџовски бара новинарите да му ги кажат изворите
Претседателот на судскиот совет Зоран Караџовски утрово со поздрав до новинарите влезе во обвинитеството за организиран криминал и корупција. Четири часа даваше исказ, според информациите од обвинителството за сомнителните додатоци на плата за членовите на советот. После четири часови излезе од обвинителството но не со пријателски поздрав туку со прашања за наовинарите.
Членовите на Судскиот совет лани во декември си ги зголемија платите за 21.000 денари во последните три месеци од годината. Додатоците на плата од 35 отсто кои си ги изгласаа членовите за него не беа скандалозни но рече дека на седницата тој гласал против. Mинистерката за правда тогаш оваа постапка ја оцени како скандалозна.
Обвинителството по допрен глас отвори предмет за случајот со поделените додатоци. И УПОЗ реагираше на екстра приходите за членовите на советот поади револтот на судската администрација која бараше покачување на плати. Членовте на советот во декември ја донеле одлуката за ретроактивно за претходните два месеци да го земат додатокот.
Билјана Николовска