
ВМРО ДПМНЕ не попушта за законот за јавно обвинителство
Опозицијата останува на барањето Специјалното обвинителство да биде дел од организиран криминал, и анкетна комисија за отчет на финансирањето на Специјалното обвинителство. Ако власта не ги прифати овие барања, најавуваат дека нема да гласаат за законот, за кој е потребно дво-третинско мнозинство.