Караџовски дава исказ во јавното обвинителство

Претседателот на судскиот совет, Зоран Караџовски, се уште дава исказ пред јавните обвинители. Тој во обвинителството пристигна претпладнево во 10 часот и не даде изјава за медиумите.

Караџовски пред обвинителите ќе одговара на прашања поврзани за додатоците на плати на членовите на судскиот совет.

Инаку како што објави синдикатот на УПО, членовите на судскиот совет во Декември минатата година донесоа одлука да си ги зголемат своите и платите на судиите за 35 проценти, односно нивните плати беа зголемени за плус 21.000 денари.

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ