
Оштетени се три бисти на борци од НОБ во градскиот парк во Битола
Непознати стoрители ја обезглавиле спомен бистата на Стерјо Ѓорѓиевски, а ги оштетиле постаменитите од бистите на борците Томаќи Димитровски и Коле Лачето.
Од Сојузот на борците во Битола го осудија овој вандалски чин и случајот го приjaвија во полиција .
Утрово ЈП „Комуналец“ ги санираше оштетените бисти, а од боречката организација претпоставуваат дека оштетувањето нема политичка заднина