
Комбињата на министерството за земјоделие за итната помош биле подвижни канцаларии
Со 200.000 до 300.000 евра осум вакви подвижни канацалрии со кои се информирале и обучувале земјодлеците може да се претворат во амбулантни возила. Оваа идеја му текнала на министерот за земјоделие, а нејзината реализација ја најави минситерот за здравство Венко Филипче.
Ги најдовме на паркингот на минситерството. Во 2011-та ги набавил тогашниот министер Љупчо Димовски, а сега осомничен, но заштитен со пратеничкиот имунитет за злоупотреба на службената положба. Извозеле едвај 4.000 километри, а по едно добила секоја подрачна единица, па така земојделие осум години имале две возила повеќе од итната медицинска помош.
Земојделие не ги сака, но затоа се добродојдени во здравствениот дом Скопје.
Владата вели дека во тие возила никогаш не се превезувало зеленчук, и нивната пренамена ќе го зголеми возниот парк. Ќе се купуваат нови 12, но блидниарниот мерцедес кој требаше да се продаде, а со парите да се купат нови амбулатни возила останува во владата.
Додека минситерот Филипче трага со конкурс по нов кадар за лекари во итната медицинска помош, од владината агенција произлезе инфомрација дека се разгледува опцијата за купување нов владин авион. Од лекарскта фела бараат прво возила, а потоа хеликоптер.
Македонија нема ниту едно амбулатно возило со највисоки стандарди на опременост или категорија Ц. Возилтото чини над 200.000 евра, а со него може да се превезе пациент со илајдници километри и да патува со денови.
Павле Беловски