Прилеп е избрана за најеколошка општина

Наспроти енормното загадување зимава откако Прилеп за првпат постави една мерна станица во центарот на градот, денеска е избрана за најеколошка општина. Наградата доaѓа по избор на компанијата Пакомак, која својата одлука ја темелеше врз основа на повеќе критериуми – селекција на отпадот, одвоени средства од општинскиот буџет за екологија, реализирани еколошки проекти, зелени површини и друго.

Прилепчани велат дека се вклучени во процесот на селекција отпадот, имаат соодветни контејнери,  но не сите го спроведуваат селектирањето. За хигиената во градот, велат секогаш може подобро.

Вторнонаградена е општина  Кавадрци, a третото место го делат скопските  Карпош и Центар. Сите заедно со Прилеп се на листите со високо аерозагадување. Компанијата Пакомак ги награди најеколошките општини, но даде одговор  одговори кои градови се на дното на еколошката листа. 

Емилија Мисирлиевски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ