
За законот за јавно обвинителство власта и опозицијата со сериозни разлики
Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, изјави денеска дека „мерцедесот“ од 600.000 евра кој беше набавен во време додека на власт беше ВМРО-ДПМНЕ, е се уште дел од судската постапка „Тенк“ и дека по завршување на постапката ќе се одлучи што понатаму со ова скапо возило кое како што рече е симбол на една расипничка власт.
Во однос на законот за јавно обвинителство, Бошњаковски потврди дека Власта и опозицијата се со сериозни разлики. Се очекува утре ВМРО ДПМНЕ да поднесе предлог амандмани на овој закон, а новата средба на двете комисии е најавена за петок.