Административни и финансиски пропусти покажа ревизорскиот извештај за МНР за 2017 година

Административни и финансиски пропусти констатирал ревизорскиот извештај за МНР за 2017 година, при што најголем број од забелешки се однесуваат на секторот за финanсии, а забелешки има и во делот на административното работење.

Па така до денот на вршње на ревизија 43 ДКП или 73% од вкупниот број  функционирале без именуван амбасадор, а истата година Министерството не спровело оценување на работењето на административните работници, амбасадорите и конзулите, предвидено со закон. Во 2018 се започнати оценувања, но до завршувањето на ревизија не е доставена документација за потврдување на тој процес.

Во делот на финансиското работење за 2017 има низа од пропусти. Меѓу другото, неискористените девизни средства за потребите на ДКП не се вратени во буџетот на државата на крајот од годината во висина од над 13 милиони денари, а во буџетото на државата не се уплаќани ниту приходите по основ на конзуларни услуги во висина од 3.790.000 денари.

Во 2017 година над 21 милион денари МНР ги планирало за една намена, а биле потрошени за друга, без согласност од Министерството за финансии. Исто така нема целосна евиденција на преземените финансики обврски на ДКП-та, а има забелешки и за пописните листи доставени од дипломатските претставништва.

За ангажирање на локален персонал во амбасадите потрошени се над 82 милиони денари, но не е јасно дали надоместокот за ангажманот е бруто или нето. 41 ДКП исплатата ја вршеле во нето и во готово преку девизна благајна.

Ревизорите констатирале и дека МНР нема воспоставена и соодветна евиденција на земјиштето кое го поседува.

Во 2017 година до крајот на мај министер за надворшени работи беше Никола Попоски, по што раководењето со министерството го презеде Никола Димитров.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ