
Огромен дел од барателите на работа во Полошко се неквалификувани кадри
87 % од активните баратели на работа во Полошко се неквалификувани кадри ако се земе предвид фактот дека 60 % од нив се со незавршено основно или средно образование а останатите се со гимназиско образование.
Ова се податоците на Агенцијата за развој на мали и средни претпријатија ЕСА од Тетово изнесени на дебатата – Предизвиците на бизнис заедницата во однос на пронаоѓање на квалификувана работна сила.
Според дел од учесниците, освен промена на образовниот систем потребно е и отворање на центри за неформално образование, кој ќе треба да одговори на потребите на пазарот на трудот.
Универзитетскиот професор Гадаф Реџепи смета дека е потребна и промена во државите политики ако сакаме да произведуваме кадри кои ги бара бизнис заедницата.
На дебатата беше истакнато дека бизнис заедницата највеќе се соочува со недостаток на кадар од компјутерскиот сектор, градежништво, производство, високоменаџерските позиции.
Голем дел од младата квалификувана работна сила потребна за овие сектори веќе си заминала од државата, најчесто поради правна несигурност и неквалитетен живот
Зоран Димовски