Македонија Осудените за крвавиот четврток, ем се во притвор ем за судот остана гаранција дека нема да бегаат
Еден суд а две различни решенија за притвор. Вака адвокатите во процесот за крвавиот четврток ја коментираат одлуката за притвор на дел од осудените кои до сега се бранеа од слобода со дадена гаранција. После одлуката од петокот на судечкиот совет, тие се и во притвор а во исто време имаат имот под хипотека како гаранција дека нема да бегаат. За адвокатите ова е преседан во судството.
Според решенијата кои ги добиле осудените судијката Добрила Кацарска по одредувањето на притворот ги укинала мерките за претпазливост. Со тоа вратен им е пасошот и немаат обврска да се јавуваат еднаш неделно што и не можат да го прават бидејќи се во шутка. Но гаранцијата таа нема право да им ја укине, па како што велат адвокатите сега тие се и во притвор и имаат хипотека над имотот кои го заложиле дека нема да бегаат. Извори од судот сега брифираат дека притворот ќе остане како потешка мерка, а гаранцијата ќе се укине.
Станува збор за моментална состојба со оглед дека во петокот по предлог на Обвинителот, судечкиот судија на обвинетите им определи мерка притвор. Но бидејќи двете мерки не можат истовремено да опстојуваат, Кривичниот совет при одделението за организиран криминал и корупција постапува во однос на определенитe мерки за претпазливост со понудена гаранција.
Во петокот 16 на беа осудени со затворски казни за терористичко загрозување на уставниот поредок за инцидентите во собранието на 27 април 2017. За сите беше одреден притвор или продолжен притворот со образложение дека може да избегаат после изрекувањето на пресудата. Сега адвокатите најавија жалби на таквите решенија.
Билјана Николовска



