ОЈО: Не е загрозено правото на пензија

Не е загрозено правото на осигурениците на пензија. Ова го утврди Јавното обвинителство, откако изврши проверки по кривичната пријава поднесена од министерката Мила Царовска. Во предистражната постапка, прво била испрашана министерката како подносител на пријавата, потоа искази дале претставници на Фондот за пензиско осигурување, на МАПАС, на Првото пензиско друштво и на пензиското друштво САВА, а претстои испитување на Министерството за финансии. Основното јавно обвинителство информира и дека Министерството за труд дополнително доставило документи од надзорот врз вработата на Фондот за пензиско, но Заводот за ревизија не ги доставил побараните извештаи за извршените ревизии во Фондот за периодот 2007-2018.

Пред речиси два месеци, Царовска откри неправилности во распределбата на средствата за над 12 илјади идни пензионери. Анализата покажала дека им е направена, како што рече, „скандалозна неправда“, бидејќи воопшто не биле вршени уплати во вториот пензиски столб. За да се поправи штетата, Министерството најави обештетување со 400 илјади денари по корисник, за што се обезбедени 19 милиони денари од Буџетот. Истовремено, поднесена е кривична пријава против непознат сторит

Сторителот всушност е познат. Во посочениот период, со Фондот за пензиско раководеа кадри на ДУИ: Исни Јакупи, Беким Незири и Шаип Зенељи. Во брзата реакција, ДУИ посочи дека се работи за несреќна изјава на Царовска и за лажна вест. Министерот Бујар Османи објасни дека парите се тука, само не биле префрлени во вториот столб. Рече дека „Поради штетата што му е направена на ДУИ, ќе мора да се покрене правна постапка за сите политичари и медиуми што нема да се извинат“. Аферата не предизвика дополнителни политички турбуленции, а Основното јавно обвинителство продолжи да постапува по кривичната пријава.

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ