Вучиќ: Има група криминалци од Белград која сака да работи во Скопје

Српскиот претседател Вучиќ и на денешната прес конференција, како и во неколку прилики претходно не пропушти да направи паралела меѓу протестите во Србија и случувањата во Македонија. Прашан за коментар зошто странските амбасадори не реагирале со осуда на упадот во државната телевизија, Вучиќ направи паралела со случувањата на 27 Април, па и со пресудата за бившиот директор на БЈБ Митко Чавков

Како е можно амбасадорите на западните земји да не го осудат, а го осдуија во истата секунда кога оние кои не им се допаѓаат упаднаа во македонските институции. Па големиот пријател на тајкунот Јеремиќ и тајкунот Ѓилас, Зоран Заев се пофали како го осуди министерот за внатрешни работи Чавков мислам ако не грешам, така ли е Вељо, Чавков на 18 години затвор затоа што не ги спречил граѓаните да влезат во Парламентот. По тој принцип тогаш ние би можеле да размислуваме за одговорност на Небојша Стефановиќ затоа што го пушти фашистот Обрадовиќ и тајкунот Ѓилас да влезат внатре. Па има група криминалци од тука, од Белград, која сака да работи во Скопје. Бандити кои ние ги протеравме од тука. Од Саша Мирковиќ, Башановиќ. Сите докажани криминалци. Овој крадеше гаќи во трговски центар во Америка и така натаму. Сега е голем советник и е многу важен а за другиот не сакам ниту да зборувам, изјави Вучиќ.

Од Владата ги демантираа тврдењата на Вучиќ, со став дека двете земји работат на унапредување на меѓусебните односи.

Демократијата треба да се развива и зајакнува во земјите од регионот, а за таа цел неопходни се дијалог, посветеност и конструктивност од страна на властите, опозициите и граѓанските општества. Сите работиме за исти цели: мир, просперитет, подобар живот за граѓаните, зајакната регионална соработка и забрзани евро-интеграции. Насилствата никогаш не може да донесат решенија, таквите дејствија штетат на демократијата и на напредокот. Северна Македонија и Србија се пријателски земји, нашите народи се пријателски и ние постојано ја унапредуваме меѓусебната соработка и почитувањето, се вели во соопштението од владата.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ