
Угостителските објекти изградени на плажите на Охридско–струшкото крајбрежје две години работат со истечени договори
Замислени како зони за рекреација со безбедни капалишта, уредена површина и објекти од времен карактер за угостителски услуги кои ќе придонесат за развој на туризмот, плажите на Охридско- струшката ривиера од 2010 година се предмет на издавање под концесија. Дел од нив во меѓувреме се претворија во угостителски објекти од цвста градба кои работат 365 дена во годината, што охрабри и многу сопственици на атрактивен имот на крајбрежјето во заштитената зона до самото езеро да изградат угостителски објекти. Од истекот на концесиите ниту една од издадеените плажи на Охридското Езеро не е вратена во првобитна состојба како што налагаат договорите за концесии. Дополнително на делови од ривиерата забалежани се градежни работи, палење на трска, дури и нелегачна изградба на хотели и други активности, што беше причина државата да иницира нов закон со кој ќе ги одземе ингеренциите над плажите на општините на што жестоко се спротиставува градоначалникот на Струга Мерко. Тој и натаму тврди дека во неговиот град се е во ред со плажите, став кој јавно го изнесе и во дебатата на Топ тема на ваша страна емитувана деновиве.
Министерот Сугарески е дециден дека проблемите со плажите на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро не можат да се решат без државна интервенција, бидејќи надлежните општински служби не реагираат содветно.
Новиот закон за градежно земјиште кој предвидува одземање на ингеренциите за плажите од општините во собраниска процедура треба да влезе овој месец. Доколку биде усвон општина Струга најави дека истиот ќе го обжали пред Уставниот суд, а Мерко се закани дека ќе се откаже од својот градоначалнички мандат.
Горан Момироски