ДКСК: Градоначалниците на Вевчани и Гази Баба доставиле Изјави за интереси, но нецелосни

Државната комисија за спречување на корупцијата по сопствена иницијатива заклучи да изврши увид дали поднеле Анкетни листови за имотната состојба и изјави за интереси градоначалниците на општините во Република Северна Македонија.

Државната комисија за спречување на корупцијата, од увидот во својата евиденција констатира дека одреден број од горенаведените лица по изборот/именувањето на функцијата во законски утврдениот рок не поднеле Анкетен лист за имотната состојба и Изјава за интереси, додека некои од нив имаат доставено обрасци со непотполни податоци, поради што на 5-тата седница одржана на 15.03.2019 година, заклучи да поведе прекршочни постапки согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

По објавување на веста во медиумите со демант и реакција се јавија градоначалниците на општина Вевчани Сашо Јанкоски и на општина Гази Баба Борис Георгиевски, кои изјавија дека уредно имаат доставено Изјави за интереси.

Државната комисија за спречување на корупцијата ја информира јавноста дека наведените градоначалници имаат доставено Изјави за интереси во кои не дале податоци за делот II . Јавно овластување и должност, каде што задолжително се наведуваат податоци за функцијата за која се избрани или именувани лицата, податоци за институцијата која извршила избор или именување, како и број и датум на актот за верификација на мандатот врз основа на кој се избрани или именувани. Врз основа на тие податоци Одделението за спречување на судир на интереси води евиденција по функција на избраните или именуваните лица.

Заради отфрлање на сите сомнежи за наводите за неправилно постапување на комисијата ги повикуваме градоначалниците да дојдат во просториите на ДКСК и да извршат увид во документацијата и на фактите на кои укажува ДКСК.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ