
За пет месеци регистрирани 500 новодијагностицирани со малигнен меланом
Малигниот меланом за десетина години ќе се лечи без проблеми. Во првите пет месеци од минатата година, во државата се регистрирани околу 500 новодијагностицирани со малигнен меланом, а голема е стапка на смртност кај младите до 30 години. Светскиот познатиот дерматовенеролог Николај Цанков од Бугарија забележува дека научниците бележат прогрес во истражувањата и за него ќе се открие лекот. Цанков кој е дел од научниот симпозиум „Дерматологија 2020“ на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ на младата популација и апелира да ги избегнуваат пирсинзите и тетоважите.
Има и примери на канцер, кога тетоважата се прави врз некоја бемка. Но општо кажано, не толку за канцер, има многу случаи на пренесување на сифилис, спинт, инфекции на вирусни заболувања, особено во минатото, кога лицата кои тетовираа ја користеле својата плунка, за да ја разредат бојата и ако се болни од некоја болест, ја пренесуваат, вели д-р Цанков.
Околу сто дерматолизи од земјава и 300 студенти од штипскиот универзитет денеска ги слушаат најновите достигнувања во областа на дерматовенерологијата, a nа првиот nаучен симпозиум во организација на универзитетот „Гоце Делчев“ и на македонското здружение на дерматолози беа презентирани и научни трудови на познати професори од Балканот.
Викторија Димитрова Јованова