
Новата снежна покривка ја продолжи скијачката сезона на Попова Шапка
Новата снежна покривка ја продолжи скијачката сезона на Попова Шапка. Туристите кои ги искористуваат последните викенди за скијање, велат дека чуството да се скија во март е прекрасно. Истакнаа дека има идеални природни предуслови за развој на зимскиот туризам, но треба повеќе да се работи на инфраструктурен план.
Хотелиерите велат дека имале гости сезонава, но претежно странски. Дел од нив им откажале, откако увиделе во каква сосстојба се наоѓа патот кој води до нивните објекти. Потребно е итна санација на патот, вештачки снег и работа на жичниците преку цела година, ако сакаме да не зависиме само од зимата, односно да го развиеме и летниот туризам.
Од раководството на ски центарот, велат дека годинава била една од најуспешните сезони. Воведен е електронски систем на наплата на карти целосно е санирана една жичница, а моментално се работи на зголемување на бројот на паркинг местата.
Со ски центарот Попова Шапка стопанисува државната компанија ЕЛЕМ Турс. Владата планира во иднина центарот да биде управуван на концепт на јавно приватно партнерство. Премиерот Зоран Заев во неколку наврати има истакнато дека во тек е изработка на физибилити студија, која ќе даде одговор на прашањата како правилно да се искористат скијачките капацитети без да се наруши природната убавина на овој дел од државата
Зоран Димовски