
211 години затвор за 16 осудени за „крвавиот четврток“
Екс дирекоторт на БЈБ и носителот на златна команда Митко Чавков ја доби највисоката казна, 18 години затвор. По 15 години добија Душко Лазаров и Митко Пешов од командниот штаб, обезбедувањето на Трајко Вељановски, Горан Ѓошевски Леви, припадникот на УБК Мунир Пепиќ, Јане Ченто од патриотското здружение во Прилеп, Влатко Трајковски и Никола Митревски Кољо кои се луѓето кои влегоа во фантомки. Од фантомките е и Вилијам Михајловски кои доби 14 години затвор. 13 години затворска казна беше изречена за Оливер Поповски. Младен Додевски, Горанчо Анѓелов Ќосето, Игор Југ добија по 12 години затвор. За Оливер Радулов пак беше изречена 10 годишна затворска казна, а тој е обвинет за помагање во терористичко загрозување на уставниот поредок.
Под законскиот минимум од 10 години пак се затворските казни на Александар Василевски Нинџа од 8 години и на Абдулфета Алими од 7 бидејки за нив се земени и олеснителни околности. Ослободен од вина е само Игор Дурловски, бидејки како што рече судијката, обвинителството не докажало вина. Кацарска во своето образложение истакна дека крвавиот четврток ќе биде впишан во историјата со црни букви.
Обвинителстовто е задоволно од пресудата. Вели правдата е задоволена. Адвокатите пак се незадоволни и ќе се жалат на високите пресуди.
За сите кои се бранеа од слобода обвинителството побара притвор, за останатите кои веке се во Шутка побара да се продолжи.
Денешната пресуда опфати 16 на обвинети за тероризам, за еден обвинет постапката е одвоена поради здравствени проблеми а останатите 15 беа амнестирани меѓу кои и пратениците кои ги отворија вратите на собранието. За организаторите на крвавиот четврток истрагата се уште трае.
Билјана Николовска